Обвинителството побара мерка пртивор за сите обвинети за настаните на 27. април поради опасност од бегство


Обвинителството бара притвор за обвинетите од 27. април во 2017 година во Собрание, на кои судот денеска судот им изрече затворски казни од 7 до 18 години.

Поради високите изречени казни, обвинителката Ивана Трајчева бара мерка притвор до правосилност на пресудата.

„Сметам дека и постои реална опасност доколку истите бидат пуштени да се бранат од слобода ќе се дадат во бегство или ќе бегаат за да ја избегнат кривичната одговорност.

Ако се имаат в предвид и денес изречените ефективни казни за обвинетите. Ваквото барање е поднесено поради денеска изречените казни затвор, последните случувања во земјава, по објавувањето на пресудите, а по изрекување на ефективните казни затвор, рабоптните места на обвинетите, преку кои имаат остварено мн контакти како во земјава така и надвор од неа, би можеле да се искористат за да се дадат во бегство или да се кријат.

На дел од обвинетите накои мерката притвор им беше заменета со дадена гаранција во недвижности, недвижностите е не гласат само на нивно лично име туку на нивни роднини или пријатели, затоа истите не претставуваат доволна сигурност дека обвинетите нема да се дадат во бегство доколку се бранат од слобода“, кажа Трајчева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1