Обвинителството побарало притвор за сите 36 обвинети


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало притвор за сите 36 обвинети за упадот во Собранието на 27 април, меѓу кои се и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дознава „Макфакс“.

Обвинителството соопшти дека е отворена истрага против 36 лица кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од најмалку 10 години.

Пред кривичниот суд се собираат приврзаници на партијата, а се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој јавно повика на протест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1