Очајнички крик на Холанѓанка чии деца биле на кобниот лет: Г-не Путин, врати ми ги децата дома (Видео)


Расте притисокот врз Владимир Путин. Очајниот крик на Холанѓанката Силен Фредерикс на аеродромот во Амстердам, е само еден од морето апели до рускиот претседател да помогне телата на загинатите да го најдат вечниот мир. Нејзината 20 годишна ќерка и три години помладиот син биле во фаталниот лет за Куала Лумпур.

– Г-не Путин, врати ми ги децата дома. Ве молам…

indexРасте притисокот врз Владимир Путин. Очајниот крик на Холанѓанката Силен Фредерикс на аеродромот во Амстердам, е само еден од морето апели до рускиот претседател да помогне телата на загинатите да го најдат вечниот мир. Нејзината 20 годишна ќерка и три години помладиот син биле во фаталниот лет за Куала Лумпур.

– Ги сакам моите деца назад. Погледнете ги овие луѓе. Прекрасни се, изјави Силен Фредерикс.

1405899382943.jpg-620x349Од 298-те загинати 193-ца се Холанѓани. Меѓу нив и целото семејство Валс – мајка, татко и четири деца. Кобниот четврток тргнале на летување во Малезија.

– Овие луѓе се невини жртви на глупавиот конфликт меѓу Украина и Русија. Тоа е јасно како ден. Русија одбива да преземе одговорност за трагедијата, на чело со Владимир Путин, изјави Питер Ван Дер Бург, сосед на семејството Волс.

Путин се најде во вкрстен оган на сите западните сојузници. Холандскиот премиер Рут јавно го повика да го искористи своето влијание врз проруските сили во Доњецк и да обезбеди пристап на местото на трагедијата.

Во меѓувреме, направен е и првиот исчекор напред. Киев и проруските сепаратисти постигнаа прелиминарен договор, на украинските служби да им биде дозволено телата да ги пренесат на безбедно место.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1