Ердоган дал изјава од засега непозната локација за CNN Turk и порачал дека пучот е обид на мала група во турската армија, иако според ситуацијата на теренот се чини дека не е баш така.
Ердоган изјавил дека ова е чин кој го охрабриле „паралелни структури“. На обидот за пуч ќе бил даден соодветен одговор, изјавил од мобилен телефон за CNN Turk и ги повикал граѓаните на Турција да излезат на улиците. Сепак, се појавија информации дека Ердоган се обидел да стигне до аеродромот и да побегне од земјата.
President @RT_Erdogan urges civilians to take to street in show of support as military attempts coup.
Според последните информации, одредени турски медиуми тврдат дека на улиците има престрелки помеѓу војската и полицијата, но засега нема потврда за овие случувања.
Пред неколку минути, западните медиуми објавија дека Ердоган се обидел да побара азил во некоја европска држава, а други медиуми тврдат дека турскиот претседател нема намера да ја напушти државата и пучот наскоро ќе биде разбиен.
Покрај тоа, пристигнаа информации дека хеликоптери го нападнале седиштето на државната телевизија „ТРТ“ во Анкара. Сведоци откриле дека „големи експлозии“ одекнале во главниот град на Турција. Покрај тоа, воени хеликоптери отвориле оган на седиштето на турската разузнавачка служба „МИТ“ – припадниците на „МИТ“ веднаш возвратиле.