Очната докторка во „8 Септември“ ослепила еден куп пациенти? – ќе се испитува нејзината работа


Јовица Андовски, заменик министерот за здравство вчера во Собранието на Македонија, на седницата за пратенички прашања, информира дека е формирана комисија која ќе ја преиспита работата на докторка за очни болести од Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

okoПрашањето го покрена пратеникот Самка Ибраимовски. Поднесени биле и повеќе приговори на пациентите за неуспешни оперативни зафати.

Скандалот со серијата неуспешни операции беше објавен на почетокот на септември во неделникот Фокус. Станува збор голем процент на неуспешни операции на еден од тројцата офталмолози кои оперираат „перде“ со фако метода (ласерски) во Градската општа болница „8 Септември“.

Покрај писмата од колеги кои реагирале до Министерството за здравство и покрај сведоштва од пациенти, „Фокус“ има потврда и од директорот на ГОБ, д-р- Сашо Стојчев, според кого „секоја трета операција“ кај дотичната лекарка е неуспешна.

„Ако имаш 30 отсто неуспешни операции воопшто не треба да помислиш да оперираш. Немајќи друг начин како да ги намалам операциите кај неа, во јули и ги ограничив на 32 операции, но таа без моја дозвола зела 57 леќи и направила операции. Секоја третa операција  на катаракта со фако метода кај очната лекарка е неуспешна“ – изјави д-р Стојчев за весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1