Oчната лекарка која е под истрага дека ослепела пациенти – се уште оперира


Контроверзната очна докторка од Градска општа болница „ 8 Септември“, за која во медиумите беше објавено дека неколку пациенти ослепеле по операциите што таа ги извршила, се’ уште работи со пациенти, а од болницата „8 Септември“ каде што работи докторката ќе ги чекаат резултатите од стручната комисија која треба да испита дали има или нема медицинска грешка, пишува Утрински весник.

bolnica„Болницата каде што работи засега нема намера ни привремено да ја тргне од правење операции, иако Министерството за здравство почна да ја испитува нејзината стручност откако пациенти во јавноста се пожалија дека ги ослепела.

Во Министерството за здравство во врска со случајот со очната докторка велат дека немаат ништо повеќе да кажат, освен дека е формирана стручна тричлена комисија. Нејзината работа ќе биде во две насоки – дали има стручни пропусти во операциите и зошто раководството на болницата досега не го решило овој проблем.

Раководството на болницата „8 Септември“ се правда дека не може да и’ забрани на докторката да прегледува и оперира се’ додека стручната комисија од Министерството за здравство не се изјасни дали има или нема медицинска грешка“, пишува Утрински весник.

-Ќе ги чекаме резултатите од комисијата. Не сакам ништо да прејудицирам и немаме основа врз што да и’ го одземеме на лекарката правото да работи со пациенти. Селекцијата ја прават самите пациенти. Од четири закажани операции, не дојде ниту еден болен. Дури и тоа што и’ го намаливме бројот на операции на 32 месечно не помогна. Таа си зеде без прашање 57 леќи- вели за Утрински д-р Сашо Стојчев, директор на Општата градска болница „8 Септември“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1