Од 1 јули цигарите ќе поскапат


Од почетокот на јули во Македонија почнува да се применува десетгодишен каледнар за етапно зголемување на акцизите на цигарите и за очекување е дека ќе растат и малопродажните цени.

Од компанијата ТДР засега не откриваат дали и колку нивните производи ќе поскапат, но велат мерката секако ќе се одрази врз производителите, пренесува Сител.

cigaraМенаџментот на компанијата вели дека земјава има најмал црн пазар на цигари во регионот кој зафаќа само 2%, додека во некои земји изнесува и до 20% заради што компаниите имаат значителен пад на продажбата.

ТДР која продава во регионот, неколку европски земји, а од лани и на Блискиот Исток, најголемиот дел од ориенталниот тутун го купува од Македонија во количини кои се двојно поголеми од количините кои потоа тука ги продава.

Доколку Македонија, како голем производител на ориентален тутун, постапува по препораките на СЗО за намалување на производството ,  тоа може да предизвика негово поскапување, но и потрага по нови откупшни пазари, велат од компанијата која по основ на акцизи и ДДВ лани во буџетот платила над 16 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1