Руски научници укажуваат на појавата на мала ледена доба во 2014 година. Тие ја побиле тезата за глобалното затоплување и го нарекуваат маркетиншки трик.
Според науката затоплувањето на климата постои, а истото има значително влијание во другата половина на XVII век, со почетокот на индустриската револуција. Токму поради тоа се смета дека овој процес е поврзан со антропогеното влијание.
Човекот ја зголемува емисјата на јаглерод диоксид, кој ефектуира на стаклената градина.
Но, рускиот научник Владимир Баскин категорично не се согласува со ваквото размислување. Тој тврди дека климатските промени имаат цикличен карактер и не се воопшто поврзани со човековата активност.
Заедно со еден негов колега Рауф Галиулиниум од Институтот за фундаменталните биолошки проблеми на Руската академија на науките, тој докажува дека денешното затоплување претставува излез на планетата од „мала ледена доба“, и наскоро, се разбира според геолошките размери – ни претстои влегување во нова ледена доба.