Од 40 заразени во Куманово, 10 се членови на кризниот штаб


Од вкупно 40 потврдени случаи на КОВИД 19 во Куманово, десет се на членови на кризниот општински штаб за заштита и спасување, потврдија за Телма од центарот за јавно здравје во Куманово.

Меѓу заразените е и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во штабот учествуваат претставници на МВР, на АРМ, на ЦУК, на дирекцијата за заштита и спасување, на сите општински и државни комунални и јавни служби и на министерства, како и претставници на противпожарната бригада од градот.

Од заразените лица во Куманово, тројца се припадници на противпожарната бригада и еден лекар од кумановската болница.

Членовите на кризниот штаб се асимптоматски случаи и се на домашно лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1