По наредба од Суд во Тирана, албанската полиција блокираше банкарски сметки на сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резарт Тачи.
Наредбата е спроведена од специјални полициски структури против финаниски криминал во соработка со секторот против перење пари во Управата на Тирана.
Врз основа на наредбата, од банкарски сметки на Тачи се конфискувани 1,3 милиони долари.
Тој е обвинет за затајување данок. Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра.
Управата за финансиски криминал и во 2014 година , кривично го гонеше Тачи за „прикривање приходи, затајување данок, фалсификување документи и измама“. Во рамките на тој процес даночните обврски кон дравата и обврски кон дрги компании изнесувале 14 милиони евра.