Бил чистач на улица, а кариерата ќе ја заврши на Светското првенство во Бразил како најпопуларен играч во својата репрезентација, Едисон Мендес.
Мендес (35) во 2002 година на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја го постигна својот прв гол за Еквадор на светските шампионати и победнички во дуелот со Хрватска.
Тогаш имал 23 години, бил најмладиот играч во тимот, а неколку години пред тоа бил на улица, често и без основните средтсва за живот.
-Кога бев дете, немавме ни леб доволно, а за да заработиме за чевли моравме да чистиме улици, во една прилика изјавил Мендес кој сега е најстариот играч во својот тим на Мундијалот во Бразил.
Еквадор на Мундијалот игра во групата Е со Швајцарија, Франција и Хондурас.