Од денес јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот


ЈСП информира дека од денес(18.05.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата.

Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. 

ОВДЕ СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ ПРЕД 19 ЧАСОТ. 

Останатите термини до 19 часот се достапни на веб страницата. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1