Авионската нискобуџетска компанија „Виз Ер“ од денеска воспостави нова редовна авиолинија Скопје – Стокхолм, која ќе сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок до аеродромот „Скавства“ во Стокхолм.
„Виз Ер“ од октомври лани воспостави шест нови дестинации од аеродромот „Александар Велики“: од Скопје до Милано, Италија, Ајндховен – Холандија, Дортмунд и Минхен – Германија, Малме – Шведска и Базел Милхасуен – Франција.