Конечно! на својот блог PayPal објави дека доаѓа на уште 10 нови пазари, меѓу кои и Македонија, Камерун, Белорусија, Монако, Црна Гора, Нигеријa и Парагвај.
Овој сервис вчера, и официјално во посебна објава на својата веб-страница, соопшти дека десет нови земји, меѓу кои и Македонија, од денеска се вклучуваат во земјите со кои работи PayPal сервисот. Но, слично како и во Србија, не може да продаваат или, пак, да префрлаат пари од еден на друг корисник.
Сепак, за почеток, ќе биде достапна само опцијата за испраќање пари, односно за плаќање при купување на интернет, а не и за примање пари.
Првично „Пејпал“ ја нуди само услугата „send money“, со која потрошувачите можат да платат за производите и услугите на интернет-продавници кои имаат опција за плаќање преку „Пејпал“ и кои ги штитат нивните финансиски детали.
Оваа услуга е бесплатна за потрошувачите, а трошоците се покриени преку претплатата за „Пејпал“ на интернет-трговците. Компанијата, која е во сопственост на „И-беј“, сe уште не нуди услуга за трансакции од еден кон друг корисник. Исто така, сe уште не им дозволува на локалните онлајн-трговци во Македонија и другите девет земји да наплаќаат преку „Пејпал“, ниту нуди какви било видови банкарски услуги.На сервисот ќе можете да се регистрирате со вашата дебитна или кредитна картичка.