Од денеска во Дебар Маало ќе се вози 30 километри на час


Со делење на флаери општина Центар денеска ги запозна граѓаните дека во Дебар Маало започнува проектот „Зона 30 – за безбеден Центар“, што предвидува ограничување за движење на возилата со брзина од 30 километри на час.

Како што соопшти општина Центар, ограничувањето на брзината на движење на возилата го опфаќа делот на општина Центар, ограничен со улиците булевар „Партизански Одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Илинден“ и булевар „Св. Климент Охридски“.zona 30

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека овој проект добива на значење, особено по црната низа на сообраќајни несреќи и жртви. – Од денеска, Дебар Маало е ‘Зона 30’, зона на смирен сообраќај. Ги повикувам граѓаните да ги почитуваат новите поставени знаци“, рече тој.

На влезните и излезните улици на видни места низ Дебар Маало се поставени 25 сообраќајни знаци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1