Од грип во Србија починаа 6 лица – ова се симптомите поради кои мора итно на лекар


Од последица на вирусен грип во Србија од почетокот на сезоната починаа 6 лица, а регистрирани се 68,516 заболени со симптoми на сличен грип, што е за 10 отсто поеќе отколку во истиот период минатата година.

Според податоците на Имнститутот за јавно здравје на Србија, во земјата е регистриран „низок интензитет на активност на вирусен грип“, додека во европскиот регион, во поголемиот број на земји активноста на вирусот е на средно ниво.

Директорката на клиниката за инфективни болести во Белград, Ивана Милошевиќ вели дека сите кои имаат отежнато дишење или гушење, мора да одат под итно на лекар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1