Од кога не сте отвориле Yahoo mail? Проверете дали сте во проблем – Yahoo најави дека ќе брише мејлови


Yahoo објави дека од 15 јуни, сите корисници на електронската пошта на Yahoo на која не се регистрирале повеќе од една година, им се одземе правото на користење и ќе стане достапен за нови корисници.

yahoo _sad_1346424219_420x0Yahoo има свои причини за ваквата одлука и од аспект на компанијата ова за нив е добар потег, но не и за корисниците чија Yahoo адреса е поврзана со други онлајн сервиси, а кои од некоја своја причина не влегувале во мејлот на Yahoo повеќе од една година.

Со злоупотребата на опцијата за поништување на лозинката, и со помош на социјален инженеринг, новиот сопственик на вашата поранешна електронска пошта може да ги преземе сметките, вклучувајќи ги и услугите на PayPal, па дури и налозите за електронско банкарство.

Малкумина надвор од компанијата се воодушевени од овој план, но експертите укажуваат на тоа дека нејзината имплементација би можело да доведе до сериозни проблеми. Сепак, во Yahoo се одлучни и убедени дека ова може да се направи без да се доведат во опасност податоците на претходниот корисник.

“Сите лични и приватни содржини поврзани со мејлот ќе бидат избришани и нема да бидат на располагање на новиот сопственик”, соопшти компанијата.

“За да обезбедиме налозите да бидат рециклирани сигурно и безбедно, ќе направиме неколку работи. Помеѓу деактивирањето и рециклирањето на личните идентификации (ID) ќе имаме 30 дена. За тоа време, ние ќе испратиме повратни мејлови како предупредување на оние кои праќаат мејл дека тој е деактивиран и повеќе не постои“ стои во соопштението од Yahoo.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1