ОД ЛИСТАТА НА НАЈБОГАТИ ОТПАДНАЛЕ НАД 200 ИМИЊА


Нестабилните берзи, цената на нафтата во паѓање и зајакнувањето на американскиот долар довеле до динамична промена меѓу светските милијардери и до значаен пад на нивното богатство, за првпат од 2009 година, наведува „Форбс“.

Така, рекордниот број милијардери од 1.826 во 2014 изминатата година паднал на 1.810, додека нивното богатство е помало за 570 милијарди долари.bil gejts

Најмногу пари изгубил Карлос Слим, мексиканскиот телекомуникациски магнат, чие богатство во последната година било намалено за 27,1 милијарди долари. Од списокот на најбогати луѓе во светот во 2015 отпаднале 221 име, а им се придружиле 198 нови имиња, пишува „Форбс“.

Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“, повторно е на врвот на листата на најбогати и покрај тоа што неговото богатство е намалено. Најмногу „скокнал“ основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, чие богатство е поголемо за 11,2 милијарди долари. Закерберг има вкупно 44,6 милијарди долари и е 6-ти на листата на најбогати.

Меѓу 20-те најбогати има само две жени, сопственичката на „Лореал“, Лилијан Бетенкурт и ќерката на основачот на „Волмарт“, Алис Валтон.

Листата на 20-те најбогати луѓе на светот изгледа:

1. Бил Гејтс – 75 милијарди долари
2. Амансио Ортега – 67
3. Ворен Бафет – 60,8
4. Карлос Слим Хелу – 50
5. Џеф Безос – 45,2
6. Марк Закерберг – 44,6
7. Лари Елисон – 43,6
8. Мајкл Блумберг – 40
9. Чарлс Кох – 39,6
10. Дејвид Кох – 39,6
11. Лилијан Бетенкурт – 36,1
12. Лари Пејџ – 35,2
13. Сергеј Брин – 34,4
14. Бернард Арнол – 34
15. Џим Валтон – 33,6
16. Алис Валтон – 32,3
17. С. Робсон Валтон – 31,9
18. Ванг Џианлин – 28,7
19. Јорг Пауло Леман – 27,8
20. Ли Ка-шинг – 27,1

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1