Вдовицата на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, повеќе од 30 години живееше во куќа на Дедиње која се распаѓала – плочките во бањата биле искршени, на подот имало шут, низ ходиниците парчиња од паднат малтер.
Јованка Броз последните години од животот ги минала во услови недостојни за човек, често живеела и без основните потреби – греење, вода, па дури и храна. Со години немала ниту лична карта.
Внатрешноста на вилата потполно се распаѓа.
Јованка со тек на времето престанала да ја користи целата куќа, живеела во еден дел од вилата бидејќи немала средства за реновирање.
Куќата е полна со влага, бојата од вратите и прозорите е излупена, кујната не функционира, а во дворот има изгниена гарнитура за градина.