Од мај стартува директна авиолинија со Бугарија


Во средината на мај ќе стартува авиолинија  која најверојатно ќе има четири станици – Тирана, Скопје, Софија и Бургас, која се воведува поради силниот интерес којшто го имаат сите страни за зголемување на туристичкиот обем и планираното зајакнување на врските меѓу бугарски и македонски тур-оператори. Ова беше најавено во Софија на македонско-бугарско-романскиот бизнис-форум, пишува Капитал .

avionНа бизнис-форумот беше реафирмирана заложбата за подобрување на инфраструктурата меѓу двете земји, при што бугарските претставници кажале дека Бугарија го обновила патот од Благоевград до границата со Македонија кај Делчево.

Бугарија е четврти по обем трговски партнер на Македонија. Минатата година македонските компании успеале да направат извоз од 285,4 милиони долари во Бугарија, а бугарските компании ни пласирале производи и услуги во вредност од 407,7 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1