Од море извадено шише со пијалок стар 200 години – може да се пие


Подводните истражувачи во водата близу брегот на Полска пронашле затворено шише со течност стара 200 години, која содржи 14 отсто алкохол, а се претпоставува дека станува збор алкохолен пијалок помешан со минерална вода

 20082014220238_sise pijalok staro
Според податоците на националниот Поморски музеј, хемискиот состав на течноста одговара на  бренди “Салтерс“,  и на шишето е втиснато и логото  од овој пијалок.

“Салтерс“  е име на на висококвалитетен произведувач на минерална вода  од планината Таунус во Германија. Изворот на „салтерс“ е пронајден пред 1.000 години, а со векови на водата и биле препишувани лековити својства.

Истражувачите утврдиле дека течноста во шишето има добар квалитет.

„Сигурно нема да се отруете ако се напиете од пијалокот, но мирисот не е баш најпријатен“, изјавил еден од археолозите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1