Од нив сите имаат страв – 11 најмоќни армии во светот


Реномираниот американски вебсајт „Бизнис инсајдер“, користејќи ги бројките и статистиките добиени од порталот што обработува безбедносни теми „Глобал фајерпавер“, направи ранг-листа на 11-те најмоќни армии во светот што во моментов, земајќи предвид многу фактори, како што се големината на армијата, оружјето, логистиката, буџетот (нуклеарното оружје не е земено предвид), доминираат на глобалната геополитичка сцена

vojnik-avganistan4Асиметричните војни во Авганистан, Виетнам, а денес и во Сирија, покажаа дека мали воени сили можат да се носат и со воените суперсили. Но сепак земјите што можат со своите армии да извршат масовни воени операции и кои располагаат со огромни бројки се сѐ уште релевантен фактор, кој одлучува кој ќе доминира на военото поле во светот и тие ја креираат светската политика, анализира реномираниот американски вебсајт „Бизнис инсајдер“. Вебсајтот, сублимирајќи многу фактори, направи ранг-листа на 11-те најмоќни армии на светот.

– Постојат неколку глобални играчи на светската карта, кои многу години доминираат на воено поле и демонстрираат многу поголема моќ од другите. Земјите вложуваат огромни средства во луѓе, технологија и во оружје, за да ја задржат водечката позиција на ова поле – пишува вебсајтот.

1. САД
amerika-vojska1Буџетот на САД за одбрана на земјата изнесува 612 милијарди долари. И покрај кратењето на трошоците, Вашингтон сепак на одбрана троши многу повеќе пари од сите земји заедно што се наоѓаат на ранг-листата под Америка.
– Една од најголемите стратегиски предности што ги имаат САД се 19-те носачи на авиони, со кои Америка го шири своето влијание. За споредба, остатокот од светот заедно оперира со вкупно 12 носачи на авиони – пишува вебсајтот.
Медиумот објаснува дека со оваа тактичка предност на супербродовите на Пентагон возможно е многу брзо да се поставуваат воени бази во кризни региони и многу полесно од другите земји САД може да распоредуваат воени сили насекаде во светот.
Според магазинот, оваа водечка суперсила користи врвна воена технологија, а има и голем број високообучени војници и најмногубројна авијација.

 2. РУСИЈА
ruska-vojskaВебсајтот констатира дека две децении по колапсот на СССР, руската армија повторно ја зајакнува својата моќ на сите полиња.
– Кремљ ги зголеми воените трошоци за една третина повеќе во однос на 2008 година, во следниве три години се очекува да порасне за 44 отсто од сегашната сума, а годинава воениот буџет на Русија изнесува 76,6 милијарди долари – пишува „Бизнис инсајдер“.
Вебсајтот тврди дека Русија во моментов има на располагање 766.000 активни професионални војници и резервен состав што има 2.485.000 трупи.
– Оваа масивна пешадија е добро логистички поддржана од 15.500 тенка. Овие големи бројки докажуваат дека генералите на Москва командуваат со најмногубројната оклопна копнена моќ во светот – вели вебсајтот.

  3. КИНА
KinaПорталот тврди дека како што расте економијата на Кина, така Пекинг пропорционално ги зголемува воените трошоци за одбрана на земјата.
– Воениот буџет на Кина е неверојатни 126 милијарди долари и тој најверојатно ќе се зголемува во иднина – вели вебсајтот.
„Бизнис инсајдер“ тврди дека со зголемувањето на буџетот на земјата, расте и влијанието на Пекинг, кое генерално е насочено кон Јапонија и Филипините.
Според бројките на ранг-листата, Кина располага со најмногубројната пешадиска армија во светот, или 2.285.000 активни војници, на кои се надоврзуваат оние 2,3 милиони резервисти.

  4. ИНДИЈА
Трошоците за вооружување на Индија растат заедно со желбата на Делхи да изгради светска модерна суперсила од својата војска.
– Во моментов се проценува дека земјата троши 46 милијарди долари за воени цели и се прогнозира дека таа цифра ќе расте во иднина, а во 2020 година ќе се израмни со Кина – тврди медиумот.
Според вебсајтот, модернизацијата на војската се должи пред сѐ на затегнатите односи во соседството на Индија, особено со Пакистан.
– Една од работите што треба да се истакнат е тоа дека Индија поседува балистички ракети со импресивен интерконтинентален дострел – нагласува „Бизнис инсајдер“.

  5. БРИТАНИЈА
BRITAIN-POLICE-UNRESTИако Лондон најави дека планира да ги намали трошоците за одбрана на земјата за 20 отсто во периодот од 2010 до 2018 година, одбранбениот буџет на Британија сѐ уште е еден од најголемите и во моментов изнесува 54 милијарди долари.
Според вебсајтот, и покрај овој факт за намалување на финансиите, Обединетото Кралство располага со една од најдобрите и најискусните воени морнарици на светот.
– Бисер на кралската морнарица е супермодерниот носач на авиони „Кралица Елизабета“, кој ќе биде во служба, крстосувајќи по океаните, најмалку до 2020 година – истакнува магазинот.

 6. ФРАНЦИЈА
Во 2013 година, според „Бизнис инсајдер“, Франција одлучи да го намали својот воен буџет за 10 отсто, со надеж да се заштедат државни финансии додека земјата се справува со глобалната економска криза.
– Сепак, и покрај кратењето на парите, Париз троши 43 милијарди долари на својата армија, што е над два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) – тврди вебсајтот.
„Бизнис инсајдер“ појаснува дека и со намалувањето на трошоците Франција е многу влијателна во светот, а нивните сили константно се распоредени во Централноафриканската Република, Чад, Мали и во Сенегал.

 7. ГЕРМАНИЈА
germanija zname „Бизнис инсајдер“ тврди дека Берлин, иако не котира повисоко на ранг-листата, има значително силна армија, која константно им се нуди на помош на земјите од источниот блок на НАТО.
Вебсајтот истакнува дека широката палета на оружја со кои располага германската армија е проследена со буџет од 45 милијарди долари.
– Германската армија до неодамна беше уставно ограничена во офанзивната улога, но нејзината меѓународна улога се промени по распаѓањето на бивша Југославија. Денес Германија има 183.000 активни војници и 145.00 резервисти – пишува „Бизнис инсајдер“.

8. ТУРЦИЈА
Вебсајтот пишува дека воениот буџет на Анкара  продолжува да расте и денес тој изнесува 18,2 милијарди долари.
– Турција внимава како е вооружена и како ја употребува својата армија поради безбедносните закани од курдското малцинство, но и поради воениот конфликт во Сирија, кој се води блиску до нејзините граници – пишува медиумот.
„Бизнис инсајдер“ наведува дека оваа армија досега била активна во мировните операции во Авганистан на Балканот и дека има свои сили на Кипар.

 9. ЈУЖНА КОРЕЈА
kina tenkovi korejaСпоред „Бизнис инсајдер“, јужнокорејската армија е добро опремена и дека главна причина за тоа неодамнешното вооружува­ње на Јапонија и на Кина.
– Сеул има одбранбен буџет од 34 милијарди долари, со кој се „хранат“ огромните воени единици. Земјата располага со 640.000 професионални и 2,9 милиони луѓе, кои влегуваат во резервниот состав на армијата – тврди вебсајтот.

 10. ЈАПОНИЈА
Јапонија првпат пред 11 години почна да го зголемува својот воен буџет, поради зачестените спорови што оваа земја ги има со Кина.
– Токио има добро опремена армија, за која троши 49,1 милијарди долари – подвлекува „Бизнис инсајдер“.

 11. ИЗРАЕЛ
„Бизнис инсајдер“ вели дека Блискиот Исток е секогаш ризично место, а Израел токму поради овој факт, за да ја осигури својата државност, на одбраната троши големи суми, што во моментов изнесуваат околу 15 милијарди долари. Голем дел од оваа сума се троши на одбрана, што го докажува и противракет­ниот

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1