Сајтот HackerRank неделава објави анализа која покажува во кои земји се кријат најдобрите програмери на светот.
Врз основа на постигнатите резултати, најдобро пласирана е Кина, потоа следат Русија, Полска, Швајцарија, Унгарија и Јапонија.
На последните четири места се Тајван, Франција, Чешка и Италија.
И додека САД и Индија на страницата имаат најголем број корисници, во наведената анализа двете семји оствариле забележливо скромен резултат.
Анализирајќи ја брзината и точноста со која корисниците ги решаваат предизвиците, HackerRank ја анализираше работата на 1,5 милион програмери, пишува „Бизнис Инсајдер“.
HackerRank е сајт за бесплатно програмирање, што на програмерите им овозможува да ги усовршат своите вештини решавајќи различни предизвици.