Од Нова година Фејсбук ги менува правилата


Со првиот ден од 2015 година компанијата Фејсбук ќе воведе нови правила за сите нејзини корисници.

Фејсбук неодамна не извести за нови правила со кои ќе овозможи поголема контрола над податоците, можност за директно купување преку Фејсбук, ограничување на рекламите, но најважните промени се оние за условите за употреба со новото поглавје, посветено на Основите за приватност.

Facebook's Influence In Consumer Consumption Of News Growing

Од компанијата изјавиле дека вакви правила се воведуваат за на корисниците да им “помогнат да поделат одредена содржина со саканата публика”. Корисниците ќе можат и да дознаат повеќе за прекинувањето на пријателствата, блокирањето корисници, како и за начинот на бирање публика која ќе може да ја види сека ваша одделна објава.

Новина е и контролата над огласите. Повеќе нема да се случува одредени огласи, кои сте ги исклучиле да речеме на компјутерот да ви се појавуваат на мобилниот телефон.

Во компанијата се експериментира и со опцијата “купи”, што подразбира нов начин на онлајн плаќање, директно од Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1