Од петок ново поскапување на цигарите во Македонија


Цигарите поскапуваат за три денари по кутија од први јули годинава.

Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува од петок доколку производителите не решат тие да ја компензираат.Cigarete

Зголемување на акцизата за 3 денари по кутија се предвидува за последен пат ова лето. Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по 4 денари за кутија.

Ваквиот тренд на покачување во наредните години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1