Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната 27 до 32 степена.Во Скопје слично време со температура од 12 до 30 степени.
Утре ќе преовладува сончево и многу топло време со максимални температури до 34 степени, но попладне во планиските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд со грмежи.
Од петок попладне ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено во петок и сабота.