Неисправен полнач за мобилен телефон кој бил вклучен во струја најверојатно е причина за пожарот кој се случил ноќта меѓу неделата и понеделникот во десеттата виенска општина кога повредени беа девет лица, меѓу кои и три деца.
Околу 2 часот ноќта во станот, жена се разбудила поради мирис на чад. Кога станала видела дека се запалил плакар со книги. Успеала со трите деца да избега од станот и да повика пожарникари, по што децата поради труење со чад биле однесени во болница. Поради труење со чад хоспитализирани се уште шест станари на зградата.