Од први јули поскапуваат цигарите. Зголемувањето на цените ќе биде во просек за околу 4 денари. Ова е резултат на новите регулативи за акциза на цигарите.
Односно од јули, се зголемува акцизата за цигарите за 0,15 денари за цигара. При тоа, планирано е во сите следни години, во јули цигарите постојано да поскапуваат како резулат на предвиденото постојано зголемување на акцизата за цигари.
Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат во просек по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 40 денари ќе чини околу 90 денари.
Со измените на Законот за акцизите кои се предвидува производителите и увозниците на тутун да ги пребројат резервите во нивните складови и кај дистрибутерите и да ја пресметаат новата акциза од 1 јули годинава.