До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер. Услови за повремен попладневен дожд ќе има и во понеделник.