Со само еден билет ќе можете да се возите во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или пак на приватните превозници.
Советниците за весникот велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби, пренесува Вест.
Со ова на граѓаните ќе им се овозможи со еден билет да се возат во кој сакаат автобус, без разлика дали е приватен или на ЈСП со што ќе им се намали времето на чекање.
Предлогот треба да се најде на една од следните седници на Советот на Град Скопје.