Поради силниот ветер, падна скелето на предната фасада на зградата на Владата на РМ. Скелето било поставено за да се исчисти фасадата на објектот, откако деновиве демонстранти фрлаа боја. Според информациите, при рушењето на скелето нема повредени лица.Нема повредени ни помеѓу припадниците на полицијата кои стоеја од другата страна на оградата во непосредна близина на скелето.