Од сликање за полуматура замина во смрт – Трагедија во гостиварско


Страшна сообраќајка викендов ја потресе Македонија кога загина 14-годишно девојче на патот Тетово-Гостивар. За 14-годишната Лиридона А. од селото Градец кобно било сликањето за полуматура од каде се враќала со другарите, кога за жал почина на самото место на несреќата.11135

14 годишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел. Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.

 

Децата биле во основното училиште „Мехмет Дерала” каде се сликале за табло, а потоа околу 14 часот тргнале дома, па решиле да се возат со автомобил по околните села.

Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ” со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело

Возачот најверојатно ја украл колата, а сега се кае за тоа што ја однесе својата другарка во смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1