Од страв се слабее – гледајќи хорор филмови топите сало


Научниците од Универзитетот во Вестминстер, сметаат дека хорор филмовите се идеални за губење на калории. Доколку сакате да ги стопите слатките кои што сте ги изеле, препорачливо е да погледате некој добар хорор филм, како Ајкула или Истерувач на ѓаволот.

Колку филмот е пострашен толку поефикасно се губат калориите. Експертите велат дека со еден добар хорор филм може да се изгубат толку калории колку една получасовна прошетка или на пример миење на прозори. Истражувачите набљудувале 10 личности додека гледале класици од овој жанр.

Притоа ги забележувале нивните пулсови и утврдиле дека за време на филмот, бројот на потрошени калории во просек се зголемува за трипати. Испитаниците за време на гледањето на филмот согореле во просек по 133 калории. Резултатите од истражувањето покажале дека филмовите со сцените кои ги тераат гледачите да потскокнуваат од страв се најдобри за согорување на калориите, затоа што срцето тогаш го забрзува отчукувањето.

Секои 10 прикажан филм, предизвикувал забрзување на пулсот кај испитаникот. Со забрзување на пулсот во телото доаѓа до налет на адреналинот. А ваквиот додаток на адреналин, предизвикан со интезивниот стрес (во овој случај стравот), го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и доведува до согорување на повеќе калории“, објаснува за лондонски Телеграф основачот на студијата, Ричард Мекензи. Како најдобар лек против калориите се покажал филмот „The Shining“ Stanley Kubricks од 1980 година со Џек Николсон во главната улога. Гледачите на овој филм би можеле да загубат дури и до 184 калории, што е еднакво на 30 минутно возење со велосипед. Потоа следуваат „Ајкула“, со 161 калории и „Истерувач на духови“ со 158 калории.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1