Од црните судбини на другите до врвот – Како едно самоубиство направи голема кариера на Мануел Нојер


Мануел Нојер во пресрет на Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та година беше на списокот на Јоаким Лев, но сепак како трет голман. Неприкосновен на голот на Германците беше Роберт Енке, а негова прва замена беше надежниот Рене Адлер.

Во тоа време Мануел Нојер беше член на Шалке, имаше 24 години и секако според многумина беше голманска надеж на Германија. Сепак, според мислењето на Јоаким Лев, во тоа време, беше премногу рано Нојер да биде првиот избор.

nojer-500Но, она што се случи неколку месеци пред Мундијалот во Јужна Африка, го натера селекторот на Германија да смета на Нојер како прв избор.

Имено, во ноември 2009-та година на германскиот фудбал му се случи трагедија. Роберт Енке, тогашен голман на Хановер и прв голман на репрезентацијата, изврши самоубиство фрлајќи се под воз. Истрагата подоцна покажала дека тоа го сторил бидејќи извесно време пател од тешка депресија.

Поради оваа трагедија Мануел Нојер од трет, станува втор голман на Германската репрезентација и прва замена за големата германска надеж Рене Адлер кој во тоа време ја чуваше мрежата на Баер Леверкузен.

Сепак, неколку месеци пред почетокот на Мундијалот, Адлер заработи тешка повреда на ребрата на еден Бундеслигашки меч поради што отпадна од списокот на патници за Јужна Африка.

Оваа негова повреда го промовираше Мануел Нојер во прв голман на Германија, а за негова замена беше повикам Тим Визе.

Секако, тој оваа шанса не смееше да ја пропушти, туку ја зграпчи со двете раце, а со неговите одбрани беше еден од најзаслужните за третото место кое Германија го освои на Мундијалот во 2010-та година.

По Светското првенство Нојер продолжи со одличните настапи и во дресот на Шалке, па во 2011-та година стигнува понуда од најдобриот германски тим Баерн Минхен. Тој се сели на „Алијанц Арена“ за 22 милиони евра, што претставуваше втор рекорден трансфер на еден голман, по оној на Џанлуиџи Буфон од Парма во Јувентус.

Во првата сезона во дресот на Баварците го собори рекордот на легендарниот Оливер Кан по бројот на минути без примен гол. Во 2013-та година со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, додека на индивидуален план има освоено повеќе награди како што се најдобар голман во Германија, потоа најдобар фудбалер на својата земја, награда на ФИФА за најдобар голман на светот и сега „Златна ракавица“ за најдобар голман на СП во Бразил.

Несомнено е дека Нојер е одличен голман, еден од најдобрите во светот и несомнено е дека без разлика на се, неговата кариера ќе се движеше во нагорна линија. Но, сепак самоубиството на Роберт Енке и тешката повреда на Рене Адлер само ги забрзаа работите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1