Од утре, први октомври почнува да важи новата цена за дополнителнителниот билет, информира Јавното претпријатие Скопје (ЈСП).
Имено секој патник кој ќе биде затекнат дека користи јавен превоз во возилата на ЈСП без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор на ЈСП СКОПЈЕ е должен да го плати издадениот дополнителен билет во износ од 1.000 денари. Во спротивно наплатата ќе биде реализирана со ангажирање на овластен извршител во износ од 50 евра глоба.