Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.
Во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне се уште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец.
Потоа, како што најавуваат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.