Во следните два дена ќе преовладува стабилно и суво време, во поголем дел од земјата со негативни утрински темпратури.
Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе се движи од минус шест до 3 степени целзиусови, а дневната од три до 13 степени. Во Скопје слично време со утринска од минус еден степен, а дневната ќе достигне 10 степени.
Во среда ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Во вторник темепарурата ќе биде во интервалот од минус шест до 12 степени, во средба од минус два до 13, во четврток утринска од еден степен и дневна до 15 степени целзиусови, а во петок од минус три до 14 степени
Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота. Температурата ќе биде меѓу два и 10 степени.