Од вечер заладување и пад на температурата за 13 степени


Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста во попладневните часови ќе се зголемува, особено во западните и северозападните делови на земјава каде во вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

На планините повисоки од 1.500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег, особено на запад. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 литри на м2 ), претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 километри на час), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1