Од вторник врнежи и грмежи


Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб
до умерен ветер од западен и јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ= 9. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.
Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. И во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја. Од вторник се очекува промена на временската состојба, ќе има врнежи од дожд , кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната
температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1