Од ѕвезда до бездомник, популарниот пејач пронајден мртов


Некогаш популарниот пејач Колонел Ејбрамс почина во 68-та година од животот, потврди на социјалните мрежи Ди-Џеј Тјун Херберт, кој во последнава година се обидуваше да помогне на музичарот.colonel-abrams-640x366

Ејбрамс врвот на кариерата го доживеа во 80-те години на минатиот век, а еден од неговите најголемите хитови беше „Trapped“ од 1985 година. Иако со музиката продолжи да се занимава и во следниот период, кариерата му тргна во надолна ливија, па последните неколку години од животот ги помина како бездомник на улиците на Њујорк.

– Дознав дека Колонел Ејбрамс починал на Денот на благодарноста, по точно една година отакако неговите најверни фанови и јас се обидовме да му помогнеме. Сега веќе не страда и не е „затворен“. Моето сочувство до неговото семејство и фановите во целиот свет, напиша Херберт на својот профил на Фејсбук.

Ејбрамс во последните години од животот боледуал од дијабетес, немал здравствено осигурување и преживувал како бездомник на улиците на Њујорк. Пред една година на иницијатива на Херберт беше покрената хуманитарна акција за него, но помошта не успеа на време да стигне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1