Роуз Бестал останала бремена на 15 години. Центарот за социјална заштита ѝ рекол дека е премногу млада за да се грижи за детето па синот по породувањето го дала на посвојување. Роуз своето дете до неговата петта година можела да го посетува, а тогаш го посвоило семејство од Манчестер. Кога конечно добила прилика да се бори за старателството над синот, судот го доделил на семејството што го посвоило.
Со години се обидувала да дознае што се случило со него и каде живее. Му влегла во траг преку Фејсбук, иако момчето го имало името што му го дало семејството што го посвоило. Роуз била пресреќна.
– Изгледаше токму како татко му. Веднаш знаев дека тоа е тој. Му го испратив својот број и му реков да се јави – рекла Роуз. Неколку недели подоцна следувал шок. Нејзиниот 19-годишен син Шејн се вљубил во неа.
Роуз (35), мајка на четири деца која е во среќен брак со сопругот Дерил (33), рекла дека по признанието на Шејн била во голема дилема.
– Знаев дека неговите чувства кон мене се непристојни, но толку години го барав и не сакав пак да го изгубам. Му реков дека како мајка го сакам безусловно, но дека нашата врска не може да прерасне во ништо повеќе. За среќа, беше разумен и сега функционираме нормално – рекла Роуз.
Шејн верува дека страда од генетска сексуална привлечност, чувства на интензивна сексуална привлечност кон биолошките роднини кои по првпат се запознаваат на возрасна доба.