Утринава во паркот Жена Борец одбележани беа 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Цвеќе пред споменик на децата бегалци положија повеќе делегации, меѓу кој од Кабинетот на претседателот на државата, од Светскиот македонски конгрес, цвеќе положија и партиски делегации од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.
Настанот беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, а покровител беше светскиот македонски конрес.
-Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас, рекоа учесниците.
Кога беше споменат договорот со Грција за промена на името тие гласно извикуваа „Уа“.
Граѓаните ги повикаа и СДСМ да положат цвеќе, но откако никој не дојде, тие почнаа да извикуваат „Уа“ и „Македонија, Македонија“.
На манифестацијата присутен беше и Ташко Јованов, претседател на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари.
Откако завршија со полагањето цвеќе отидоа да погледнат изложба „70 години од прогонот на децата на бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948-2018“, во големата сала во Домот на АРМ.