Претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, ја критикуваше државната метеоролошка служба поради неточните прогнози, барајќи од неа од корен да го смени својот начин на работа и да ја модернизира опремата
Ким побара да се користи модерна опрема, истакнувајќи дека метеоролозите се потребни за да ги штитат животите и имотите на луѓето од природни катастрофи предизвикани од „ненормалниот климатски феномен.“
-Има многу погрешни предвидувања, затоа што метеоролошките набљудувања не се засновани на модерни и научни основи, рече Ким .
Тој ги изнесе критиките во текот на инспекцијата на Метеоролошката служба во Пјонгјанг.
Северна Кореја пати од недостаток на храна, а ситуацијата се влошува со лошите временски услови како што се поплави, суши и лошо управување.
На крајот на 90-тите години, стотина илјади луѓе починаа поради глад.