Одите на летување – Еве во кои земји ви важи здраственото осигурување


Сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита со двојазичен образец надвор од територијата на Република Македонија во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

doktoriПод итна и неопходни здравствена заштита, како што се наведува во соопштението, се подразбира користење здравствени услуги чие пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1) за издавање на двојазичен образец за остварување на право на здравствено осигурување за време на привремен престој (приватно или службено патување, студиски престој, школување, стручно усовршување, престој во врска меѓународна – техничка, научна и културна соработка и слично) во една од наведените земји.

Кон Барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ.

Двојазичниот образец на осигурените лица, информираат од ФЗОМ, им служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што патуваат и на основа на истиот осигурените лица на ФЗОМ се изедначени, во однос на правата и обврските, со осигурените лица на државата во која престојуваат.

Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), болнички ден или слично, доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено истото. Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1