Одлетал во Кина по девојката, ја чекал 10 дена на аеродром, па завршил во болница (ФОТО)


Холанѓанецот Александер Питер Сирк (41) отпатувал во Кина за да ја изненади девојката којашто ја запознал преку интернет. Меѓутоа, завршил во болница, стасал во медиумите, а потоа и одговорот на девојката му го скршил срцето.holanganec

Александер пред два месеци преку апликација за запознавање стапил во контакт со девојката која му се претставила како Жанг и му рекла дека има 26 години. Онлајн романсата оттогаш „цветала“ и Холанѓанецот помислил дека единствен логичен чекор е да одлета во провинцијата Ханан и таму да се сретне со девојката, па тоа и го направил. На аеродромот не го дочекала ниту Жанг, ниту кој било друг. Но, ништо не можело да го поколеба во намерата тој да ја сочека нејзе. Александер одбивал 10 дена да го напушти аеродромот, па завршил во болница поради психичка исцрпеност.

Приказаната за вљубениот странец стаса и во кинеските медиуми, за потоа да се огласи и Жанг. Таа на една телевизија рекла дека едноставно мислела дека „сето тоа е само шега“.holanganec1

– Го развивавме нашиот романтичен однос, но тогаш се покажа дека малку е нападен кон мене. Ми испрати и фотографија од авионската карта, но помислив дека тоа е некаква шега. Потоа не ми се јави – раскажала Жанг.

Вљубениот Холанѓанец навистина ѝ се јавил, пренесуваат медиумите, но не можел да разговара со неа. Имено, Жанг раскажала и дека непосредно пред Александер да пристигне таа едноставно отпатувала во другиот крај на земјата, таму го исклучила својот телефон и чекала термин кај естетски хирург.holanganec2

Пехот на несреќниот љубовник се пренесе и на социјалните мрежи и ги подели корисниците.

„Мора да е глупав, кој би направил такво нешто“, напишал еден коментатор, „Зарем тој не знае дека во Кина сè е лажно“, порачувале други корисници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1