Одлична вест за пациентите: Намалени цените на 589 лекови – еве кои


Согласно Законот за лековите и медицинските помагала и Mетодологијата за начинот на формирање на цените на лековите, намалени се максималните цени на  вкупно  589  генерички и оригинатори (иновативни) лекови. Ова е шесто по ред намалување на цените на лековите, кое стапи на сила од 1 ноември.lekovi-foto-D-JEVREMOVICH

 

-Намалувањето на цените на лековите е една системска реформа на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, која во континуитет ја спроведуваме, со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за одржување на здравјето, за превенција и за лекување на одредени заболувања, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.

Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните генерики:

•      dexamethasone (Дексаметазон) инјекции – кортикостероидна терапија – 74.58%

•      aciкlovir (Ацикловир) крем – антивирусен лек – 71.10%

•      paclitaxel (Паклитаксел) – лек за карцином– 67.15%

•      atorvastatin (Аторвастатин) – лек за намалување на мастите во крв– 64.55%

•      immipenem,cilastatin (Имипенем) – антибиотик – 61.74%

•      metformin (Метформин) – лек за дијабет – 61.03%

•      meloxicam (Мелоксикам)-  лек против реума – 56.22%

Најголемо процентуално намалување на максималната цена се јавува кај следните оригинатори:

•             TAXOTERE (Таксотер) (антинеопластик)       43.4%

•             FLUDARA (Флудара) (антинеопластик)        38.4%

•             COPEGUS (Копегус) (антивирусен лек)       36.7%

Тодоров исткна дека по направените пресметки и новите објавени максимални цени на лековите е овозможено ново намалување на 228 малопродажни цени на  генерички лекови и 206 иновативни лекови и оригинатори, кои почнаа да важат од 1 Ноември 2014.

Тој потенцираше дека вкупно се намалени 434 малопродажни цени на лекови.

-Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека. Просечното намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 12 %, додека кај оригинатори 11.4 %, посочи министерот.

Најголемо намалување на малопродажна цена се јавува кај следните генерички лекови:

– Сefixime (Цефиксим) – антибиотик сируп (Панцеф)  од 100 mg/5мл  – со разлика во цената од 36,08% (старата малопродажна цена била 962.50 денари, а новата изнесува 615.24 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од околу 87 илјади евра.

–  Imipenem/Cilastatin (Имипенем/Циластатин)  антибиотик – со разлика во цената од 61.74% (старата малопродажна цена на лекот била 4568.52ден, а новата  изнесува 1747.94 ден), што ќе овозможи годишна заштеда од 33 648.66 евра.

–   ZYTRON (Зитрон) таблети –лек против повраќање, најчесто се дава после хемотерапија, со разлика во цена од 48.37% (старата малопродажна цена била 1131.20 денари, а новата  изнесува 584.08 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од 27 640.89 евра.

–   Намалување има и кај лекот YASNAL (Јаснал) перорална таблета  (понова генерација на лек против Паркинс и Алцхајмер) – со разлика во цена од 45.52 % (стара цена-1979.62 ден, нова цена-1078 ден).

–  Paclitaxel (Паклитаксел) – концентрат за раствор за инфузија. 150mg/25ml. 1 вијала x 25 ml/кутија (лек за карцином) – со разлика во цена од 54.6 % (старата малопродажна цена била 8475 денари, а новата изнесува – 3843.24денари).

Тодоров истакна дека вкупната заштеда кај генерички лекови на годишно ниво изнесува 52,629,012 денари, додека кај  оригинатори и иновативни лекови изнесува  – 110.011.681 денари.

Најчесто препишувани лекови, според мој термин, кои граѓаните ги земаат од аптека, а сега се со намалени цени се:

•             од нестероидните антиинфламаторни лекови Диклофенак (Diclofenak) и Кетопрофен (Ketoprofen) за болка,

•             од антибиотиците   Амоксицилин (Amoxicillin),  Ампицилин (Ampicillin),  Азитромицин (Azithromycin) и  Цефалексин (Cefalexin),

•             од антихипертензивите Лосартан(Losartan) и Амлодипин (Amlodipin).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1