Одложена пресудата за случајот „Монструм“ – судијата бил болен


Иако за денеска беше најавена пресуда за случајот „Монструм“, од Судот информираат дека таа се одложува заради здравствени проблеми на судечкиот судија кој неможе да присуствува на објавата.

monstrum2Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се’ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.

Тие се осудени на затворски казни од две и две и пол години затвор (од лани во март) за недозволено поседување оружје. Македонија веќе подолго време бара нивна екстрадиција, но, засега нема никакво официјално објаснување зошто тоа не се прави.Во судот во Скопје на клупата на обвинети денеска ќе бидат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Тие тврдат дека се невини и дека се наместени.

Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтмината Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1