Државниот просветен инспекторат ја поништи одлуката за отпуштање на тројцата професори од Економскиот факултет во Штип, поради неправилности во критериумите за избор во повисоко звање. Донесена е одлука постапката да се повтори одпочеток.
Професорите Крсте Шајновски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиеска, веќе пет дена штрајкуваат со глад, бидејќи иако имале позитивни рецензентски извештаи не биле избрани за доценти, туку биле отпуштени од работа.
Поддршка за професорите пристигна од СОНК и од апсолвентите на факултетот.