Зјапањето во екраните ги напрега очите, но во денешно време ретко остануваме подалеку од компјутерските екрани. За да ги одмориме очите и да го намалиме заморот, истражувачите препорачуваат едноставна вежба.
Трепкајте 20 пати на секои 20 минути и комбинирајте го тоа со 20 секунди гледање понастрана од екранот и фокусирање на објект кој се наоѓа 20 стапки (6 метри) подалеку од вас.
Стратегијата „20-20-20-20“ се нуди како решение за CVS (Computer Vision Syndrome или Синдром на компјутерски вид), кој се појавува кај милиони лица во целиот свет.
Симптомите како суви и уморни очи, главоболки и болка во вратот во најголем дел од случаите се само привремени. Најчесто страдаат лицата кои седат пред компјутер 3 часа на ден или подолго.
„На секои 20 минути, корисникот на компјутер треба да направи пауза 20 секунди и да гледа во објект кој се наоѓа 20 стапки подалеку“ – изјавил д-р Едвард Менделсон од Универзитетот Тексас и дополнил дека трепкањето е природен начин за одржување на влажноста на очите.
Femina.mk