Основниот суд во Скопје го прифатил барањето на специјалното обвинитество и му определил 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, дознава „Алсат-М“.
Тој е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Неофицијално, се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да ја напушти Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација.